СУДИИТЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ КАЗНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:313:"Судскиотсоветвеќенеманадлежностдаповедувадисциплинскиипостапкизаразрешување,нитунасудиите,нитунапретседателитенасудовите,останувасѐнанивнатасовест

    СУДИИТЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ КАЗНИ

    Скопје, 30 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Се зголемуваат претставките од незадоволни граѓани од правосудните органи, но за судиите, од мај минатата година, веќе нема опасност да бидат разрешени. Ваквото разуздување на судството и преземање на власта во раце на претседателите на судовите, се случува токму кога почна да работи Специјалното јавно обвинителство. Ниедно барање за притвор против поранешни министри и високи функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од случајот за тежок изборен криминал досега не помина кај судиите во претходна постапка во Основниот суд Скопје 1. Нема можност да се ревидира одлуката на тие судии во предистражна постапка кои ги отфрлија барањата за притвор. За веќе поведениот случај “Пуч”, во кој четвртообвинет е лидерот на опозицијата Зоран Заев, истиот тој суд не ѝ ги дава доказите на специјалната обвинителка Катица Јанева.

    СЈО секој ден отвора истраги, а на крајот треба и обвиненија да поднесува во истиот суд. Основниот суд Скопје 1 повторно ќе биде надлежен дали ќе ги прифати тие обвиненија од специјалната обвинителка Катица Јанева, или ќе ги отфрли и судење нема да има.

    Граѓаните почнаа масовно да ги затрупуваат со поплаки за судии Народниот правобранител и Врховниот суд, кои, по закон, не се надлежни да поведуваат постапки против судии, туку тоа е работа на Судскиот совет, кој од мај не функционира.

    Idzet Memeti - naroden pravobranitel 04

    Голем број од претставките на граѓаните се однесуваа на незадоволството од првостепените судски одлуки, при што наведуваа дека истите се донесени под притисок или од коруптивни причини. – Иџет Мемети, народен правобранител

    Минатата година, како што рече Народниот правобранител Иџет Мемети, таму биле поднесени 850 претставки и поплаки од граѓани кои се однесуваат на правосудството.

    “Оваа извештајна година голем број од претставките на граѓаните се однесуваа на незадоволството од првостепените судски одлуки, при што наведуваа дека истите се донесени под притисок или од коруптивни причини, а од Народниот правобранител се бараше да ги измени судските одлуки, односно да ги преиспита или да преземе мерки за санкционирање на таквото постапување. Од претставките се воочува дека судиите носат лоши одлуки. Тоа загрижува”, рече Мемети. Тој зборуваше за илјадници предмети, или човечки судбини, како што рече, заглавени во лавиринтите на управните судови, за поплаките поради долгото траење на притворот, но и за бавноста на судските постапки, особено на оние каде граѓаните ги тужат министерствата и државните органи.

    Неодамна и од Врховниот суд посочија дека сѐ поголем е бројот на незадоволни странки кои место во Судскиот совет, доаѓаат таму да се жалат, па ако се работи за судење во разумен рок, Врховниот суд отвора постапки, а ако е за нестручно и несовесно работење на судија, граѓаните ги препраќа во Судскиот совет.

    lence ristovska 01

    Одлуката на судијата да го одбие барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за претрес во домот на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски е преседан во правосудната практика, рече обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска на денешната прес-конференција.

    Веќе една година судиите се практично без контрола во работата. Контролата од  повисоките судови е формална и нема големо влијание. Судска власт нема во Македонија. Се воведува владеење на претседатели на судови. Судскиот совет веќе нема надлежност да поведува дисциплински и постапки за разрешување, ниту на судиите, ниту на претседателите на судовите, останува сѐ на нивната совест. Ваква состојба на незауздано судство, според судиите, се воведува за првпат.

    За незаконско, нестручно и несовесно работење, судиите во Македонија, од Втората светска војна наваму, никогаш не биле оставани без контрола на законитоста во работењето. Отсекогаш судиите биле казнувани или разрешувани преку Собранието, Републичкиот судски совет и, во последните 10 години, од Судскиот совет на РМ.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари