СУДИИТЕ ОД КРИВИЧЕН ДОНИРАА ПО 200 ЕВРА ВО ФОНДОТ ЗА КОВИД-19

    СУДИИТЕ ОД КРИВИЧЕН ДОНИРАА ПО 200 ЕВРА ВО ФОНДОТ ЗА КОВИД-19Судиите од Кривичниот суд велат дека ги предизвикуваат сите граѓани со примања над 40.000 денари да донираат значителен износ од сопствените примања. - Кривичниот суд во Скопје (Фото: СДК.МК)

    48 судии од Основниот кривичен суд Скопје донираа во просек по 200 евра, што е повеќе од 20 отсто од судиската плата, во солидарниот фонд за КОВИД-19, соопшти Кривичниот суд.

    Со овој гест, судиите од Кривичниот суд велат дека ги предизвикуваат сите граѓани со примања над 40.000 денари да донираат значителен износ и да покажат солидарност и поддршка за здравствените работници.

    Донациите на судиите од Кривичниот суд доаѓаат откако Уставниот суд ја поништи владината уредба со која што за месеците април и мај сите избрани, именувани и назначени лица, вклучувајќи ги и судиите, требаше да земат минимална плата, како една од мерките за справување со последиците од пандемијата на КОВИД-19.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира