СУДИЈАТА ЈОСИФОВ ЗА ТРИ ЧАСА СУДЕЊЕ УСПЕА САМО ДА ИМ ЗЕМЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ГРУЕВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ И РАНГЕЛОВА

    СУДИЈАТА ЈОСИФОВ ЗА ТРИ ЧАСА СУДЕЊЕ УСПЕА САМО ДА ИМ ЗЕМЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ГРУЕВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ И РАНГЕЛОВАПочетокот на судењето за предметот на СЈО „Насилство во Општина Центар“ и беше растегнат над година и пол од неговата претходната судијка Татјана Михајлова. - Никола Груевски пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    За три часа откако новиот судија Душан Јосифов го отвори по вторпат судењето за шамарите во Центар, успеа само да им земе лични податоци на обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и на уште осуммина обвинети.

    Тој мораше одново да го почне ова судење, чиј почеток и онака беше растегнат над година и пол од неговата претходничка Татјана Михајлова, но место да ја почне процeдурата, тој на секого од адвокатите, кои беа во голем број, им дозволи да нотираат технички грешки во обвинението на Специјалното јавно обвинителство, да зборуваат за доказите, уште пред да се дојде до фаза на изведување доказна постапка и буквално сè што ќе им дојде како идеја на бранителите во таа флексибилна атмосфера.

    Судијата даде и две паузи од половина час, од кои едната беше поради тоа што без негова дозвола судијката Софија Лаличиќ на една од паузите, му ги зела на колегата камерите за снимање, за потребите на нејзиното судење.

    Место да го завршеше процесот на повторно изјаснување дали обвинетите се виновни или не, судијата Јосифов дозволи адвокатите еден по еден да приговараат зашто ги немале снимките од бомбите на цеде. Претходно фатија да ја спорат и одлуката на Скопска апелација да важат прислушуваните разговори за организирање на насилствата во општина Центар и за нарачувањето на шамарите за Андреј Жерновски од страна на тогашниот премиер Груевски.

    Судијата и тоа го дозволи, иако уште не се стасало до фазата на изведување докази. Во моментот кога почнаа да ги бараат бомбите за кои СЈО смета дека по закон треба во ова обвинителство обвинетите и одбраната да ги слушаат, новинарите почнаа еден по еден да го напуштаат судењето.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира