СУДИЈКАТА БАХЧОВАНОВСКА ИЗЗЕМЕНА НА НЕЈЗИНО БАРАЊЕ ОД ОЦЕНКАТА НА ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЛУЧАИТЕ „ТРУСТ“ И „ТОТАЛ“ НА СЈО

    СУДИЈКАТА БАХЧОВАНОВСКА ИЗЗЕМЕНА НА НЕЈЗИНО БАРАЊЕ ОД ОЦЕНКАТА НА ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЛУЧАИТЕ „ТРУСТ“ И „ТОТАЛ“ НА СЈОВо случајот „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан (Фото: СДК.МК)

    Судијката Моника Бахчовановска побарала да биде изземена од оценката на обвинителниот акт во два предмета на Специјалното јавно обвинителство, „Труст“ и „Тотал“.

    „Откако беше прифатено барањето за изземање на судијата од оценката на обвинителниот акт во случаите ‘Тотал’ и ‘Труст’, преку системот за електронска распределба, ‘Труст’ и ‘Тотал’ се распределени кај судиите Марјан Грубиша и Драган Николовски за оценка на обвинителниот акт“, ни изјавија од Основниот суд Скопје 1.

    Бахчовановска е сопруга на Владимир Бахчовановски, висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ и директор на државната лотарија.

    Во Судот не кажуваат од кои причини судијката Бахчовановска барала изземање, и зошто тоа го бара само за случаите „Труст“ и „Тотал“. Во „Труст“ првоосомничен е газдата на „Трансмет“ Сеад Кочан дека го злоупотребил државниот буџет за 17 милиони евра. Во „Тотал“ обвинение за даночно затајување има за Драган Павловиќ Латас.

    Кај судијката Моника Бахчовановска се паднаа обвиненијата за случаите „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“, во кои што, меѓу другите, обвинети се Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Драган Павловиќ Латас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира