СУДИЈКАТА БАХЧОВАНОВСКА ЌЕ МУ СУДИ НА ГРУЕВСКИ

    СУДИЈКАТА БАХЧОВАНОВСКА ЌЕ МУ СУДИ НА ГРУЕВСКИСпецијалната обвинителка Катица Јанева со нејзиниот тим од СЈО на денешната прес-конфереција на која што беа презентирани 18-те обвиненија. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 потврди дека сите обвиненија на Специјалното јавно обвинителство се примени во Судот и ги распредели на кај судиите Монкика Бахчовановска, Лидија Петровска, Татјана Михајлова, Горан Бошевски, Ивица Стефановски, Верка Петровска и Ленка Давитковска. Во соопштението на Судот, не се споменуваат случаите „Тврдина“ и „Таргет“, во кои обвинет е ексначалникот на УБК Сашо Мијалков, за кого СЈО побара притвор.

    Обвиненијата за случаите „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“, за кои, меѓу другите, се бара притвор и за Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Драган Павловиќ Латас се паднаа кај Бахчовановска, која е сопруга на Владимир Бахчовановски, висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ.

    Татјана Михајлова ќе одлучува за обвиненијата за случаите „ТНТ“ и „Траекторија“. Кај судијата Горан Бошевски се обвиненијата за „Трезор “ и „ Тенк“, кај судијата Верка Петковска „Титаник 2“, кај судијата Ленка Давитковска „Топлик“ и кај судијата Ивица Стефановски „Тендери.
    Од Судот велат дека е направена автоматска распределба на предметите и по барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор ќе одлучуваат судиите од кривичните совети во текот на денешниот и утрешниот ден.

    Специјалното обвинителство за 18 предмети поднесе 17 обвиненија против 94 физички и 7 правни лица и побара притвор за 18 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира