СУДИЈКАТА БЕСА АДЕМИ ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ВРХОВНИОТ СУД СО 12 ГЛАСА „ЗА” И ЕДЕН „ПРОТИВ“ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ

    СУДИЈКАТА БЕСА АДЕМИ ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ВРХОВНИОТ СУД СО 12 ГЛАСА „ЗА” И ЕДЕН „ПРОТИВ“ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ

    Врховната судијка Беса Адеми Судскиот совет ја избра за претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија. За Адеми гласаа 12 од вкупно 13 со право на глас од членовите на Советот. Против беше само Мирсад Сурои. Кажа дека не би гласал за ниту еден од тројцата кандидати.

    За ова место конкурираа и врховните судии Лидија Неделкова и Џемали Саити за кого членот Лорета Георгиева рече дека се исто така сериозни кандидати. Адеми е апелационен судија од 2004, а за врховен судија е избрана во 2009 година. Вкупен судиски стаж има над 16 години.

    Неделкова која е поранешен претседател на Врховниот суд, има над 24 години судиски стаж. Саити, пак, поранешен министер, адвокат, член на ДИК, има судиско искуство од над 9 години. Најдолг судиски стаж во Врховниот суд од тројцата кандидати, има Адеми.

    Претседателот на Судскиот Совет Киро Здравев кажа дека од 34 судови, само 13 се жени претдатели.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира