СУДИЈКАТА ВЕСНА ДИМИШКОВА КОЈА НА ЈАНЕВА Ѝ ЈА ПОТПИША НАРЕДБАТА ЗА ПРЕТРЕС ВО УБК, ВИКНАТА КАЈ ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА НА РАСПИТ ВО „РЕКЕТ“

    СУДИЈКАТА ВЕСНА ДИМИШКОВА КОЈА НА ЈАНЕВА Ѝ ЈА ПОТПИША НАРЕДБАТА ЗА ПРЕТРЕС ВО УБК, ВИКНАТА КАЈ ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА НА РАСПИТ ВО „РЕКЕТ“Димишкова, според неофицијалните информации, е на распит зашто ја пријавил осомничениот во „Империја“ Орце Камчев дека и таа била во шемата со експецијалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13 кои го рекетирале за разни поволности во истрагата против него. (Фото: Ааматерска фотографија)

    Весна Димишкова, судија на претходна постапка за организиран криминал од Кривичниот суд, еден час порано пристигнала утрово на распит пред шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Рускоска. Непознато е дали е во својство на сведок или лице кое може да даде одредени информации. Вториов статус, вообичаено подоцна во истрагата преоѓа во осомничено лице.

    Димишкова, според неофицијалните информации, е на распит зашто ја пријавил осомничениот во „Империја“ Орце Камчев дека и таа била во шемата со експецијалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13 кои го рекетирале за разни поволности во истрагата против него.

    Димишкова е судијката која за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ ѝја потпиша наредбата на Јанева да влезе во УБК, да изврши претрес и да ги прибави доказите за незаконското масовно прислушување во Управата.

    Димишкова ја издаде и наредбата за претрес на СЈО во домот на сега покојниот Коста Крпач во истрагата за „Трезор“ на СЈО, за незаконска набавка на опрема за прислушување.

    Јанева, Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец се тројцата обвинети во случајот „Рекет“. Јанева вчера излезе од притворот во затворот во Шутка каде беше од 21 август, и ќе биде во куќен притвор. Од обвинетите во „Рекет“, во притвор во Шутка остана првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13. Обвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше пуштен од Шутка во куќен притвор на 24 септември.Судењето за „Рекет“ треба да почне во Кривичниот суд на 3 декември.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари