СУДОТ Ѝ ГИ ОДЗЕДЕ ДВАТА ПАСОШИ НА ЛИДИЈА ДИМОВА, ОСОМНИЧЕНА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЕВРОПСКИ ПАРИ

    СУДОТ Ѝ ГИ ОДЗЕДЕ ДВАТА ПАСОШИ НА ЛИДИЈА ДИМОВА, ОСОМНИЧЕНА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЕВРОПСКИ ПАРИЛидија Димова се сомничи за Злоупотреба на службена положба и Измама на штета на средствата на ЕУ. (Фото: Фејсбук)

    Судија на претходна постапка од Основниот кривичниот суд Скопје на осомничената ексдиректорка на Агенцијата за европски образовни програми Лидија Димова ѝ ги одзеде редовниот и дипломатскиот пасош, како мерка за обезбедување присуство додека трае истрагата против неа.

    Судијата наредил и Димова редовно да се јавува во судот, а ѝ напиша и забрана да врши одредени работни дејствија. Истите мерки тој ги изрече и за другите двајцата осомничени.

    Димова се сомничи за Злоупотреба на службена положба и Измама на штета на средствата на ЕУ во истрага која ја отвори финансиската полиција, а Обвинителството за организиран криминал и корупција ја прифати пријавата.

    Димова е осомничена дека злоупотребила 400 илјади евра од европските фондови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира