СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО  НА СЈО – АЛФИТЕ ОСОМНИЧЕНИ ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕ НА БОШКОВСКИ ОСТАНУВААТ НА РАБОТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО  НА СЈО – АЛФИТЕ ОСОМНИЧЕНИ ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕ НА БОШКОВСКИ ОСТАНУВААТ НА РАБОТА

    Судија на претходна постапка не го прифати предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување мерка претпазливост  за командантот на полициската едница „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и на петтемина негови колеги осомничени во случајот „Тортура“.

    “Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дека поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  (СЈО) за предметот во јавноста познат како „Тортура“, донесе решение со кое, предлогот за осомничените : И.А., Н.С., П.М., М.Ш., Ф.А и Ј.Б., се одбива како неоснован“, се вели во соопштението на Кривичниот суд- Скопје.

    СЈО, побара за осомничените во  предметот „Тортура“ од судија на претходна постапка мерка  забрана за вршење  на сите полициски овластувања кои осомничениот ги има како полициски службеник и конкретни забрани за вршење на работи и работни задачи и овластувања кои ги има согласно актите за систематизација.

    Распитот на  “Алфите“ кои го апсеа поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, во 2011 година, во акцијата „Кампања“, требаше да се одржи минатата недела, но беше одложен бидејќи осомничените и нивните адвокати бараа дополнително време за  да направат увид во доказите.

    СЈО ги терети за нечовечко постапување при апсењето на Бошкоски. Првоосмничен во овој случај, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, но за него СЈО не побара ниту притвор, ниту мерки за претпазливост

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари