Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и на ексградоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски и на четворица вработени во општината им изрече мерки на претпазливост – одземање пасош и редовно пријавување во судот.
Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки, при што го оштетиле општинскиот буџет за околу 600.000 евра.
- ЈАКИМОВСКИ ДОНЕСЕН НА РАСПИТ ВО СУДОТ, ОСОМНИЧЕН ДЕКА ГО ОШТЕТИЛ ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ ЗА 600 ИЛЈАДИ ЕВРА
- СО ЈАКИМОВСКИ, ЗАГЛАВИЈА И ЧЕТВОРИЦА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
Финансиската полиција вчера изврши претрес во неколку објекти на осомничените, а нешто пред полноќ Јакимовски беше и приведен. Ноќта ја помина во полициска станица, а попладнево беше однесен на распит во Основниот суд Скопје 1, каде што претходно беа сослушани неговите соработници од општината.
Финансиската полиција денеска соопшти дека има основани сомнежи дека петмината осомничени ја злоупотребиле службената положба и овластувања и го оштетиле буџетот на Општина Карпош вкупно за 36.634.675 денари, овозможувајќи им да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица Алконпроект во износ од 33.789.441 денари и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари.