СО ЈАКИМОВСКИ, ЗАГЛАВИЈА И ЧЕТВОРИЦА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

    СО ЈАКИМОВСКИ, ЗАГЛАВИЈА И ЧЕТВОРИЦА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ„Службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција. Во сите јавни набавки нема ама баш апсолутно никаква врска со мене како градоначалник“, изјави Јакимовски. - Вработените во општината ги носат на распит во Кривичниот суд во Скопје.- (Фото: К. Попов)

    Покрај Стевчо Јакимовски, поранешниот градоначалник на скопската Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Финансиската полиција поднесе кривични пријави и за вработените во општината, М.Д.-раководител на сектор за јавни набавки, Н.Н.-помошник раководител на сектор за финансиски прашања, С.М-раководител на одделението за норматива во правен сектор и А.С-раководител на одделение за сметководство. Административците се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба и овластување.

    Самиот Јакимовски вчера ги обвини службите дека заборавиле да ја активираат банкарската гаранција и дека тој како градоначалник нема врска со тоа. Тој додека траеше претресот во еден од неговите објекти рече дека во случајов не станува збор за криминал, туку за техничка грешка.

    „Службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција. Во сите јавни набавки нема ама баш апсолутно никаква врска со мене како градоначалник“, изјави Јакимовски.

    М.Д., раководител на секторот за јавни набавки во Општина Карпош добил кривична пријава оти во двете јавни набавки за изградбата на објектот на местото на старата општинска зграда и за плоштадот во населбата Жданец не предложил наплата на банкарската гаранција за понуда, туку ги пуштил во понатамошна постапка.

    Н.Н., претседател на Комисијата за јавна набавка на Општина Карпош, како и С.М., член на таа комисија, и А.С., заменик-член на Комисијата, се сомничат дека за плоштадот во населбата Жданец, ја прифатиле понудата на фирмата „ДГПТУ СМ Компани ДОО“, Свети Николе, иако таа не доставила сертификат за вградените материјали, а со тоа овозможиле фирмата да стекне корист на штета на Општина Карпош во износ од 2,8 милиони денари.

    Обвинителството нема побарано притвор за осомничените, туку мерки за претпазливост, одземање на патна исправа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира