СУДОТ ИМ ГИ ВРАТИ ПАСОШИТЕ НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА, РОЧИШТЕТО ОДЛОЖЕНО

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СУДОТ ИМ ГИ ВРАТИ ПАСОШИТЕ НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА, РОЧИШТЕТО ОДЛОЖЕНО

    Судијката Весна Петровска-Тагасовска им ги укина превентивните мерки на членовите на Левица, Владимир Куновски и Здравко Савески, на барање на одбраната и им ги врати патните исправи.
    Покрај укинување на превентивните мерки, одбраната побара и дополнително време за разгледување на новите докази, кои на денешното рочиште ги достави Обвинителството, па рочиштето беше одложено за 13 септември.
    Обвинителството до судот и до одбраната достави докази – имотен лист и одлука на Владата на Република Македонија, со кои докажува дека просторот во кој се наоѓаше Народната канцеларија на Претседателот на РМ е државен, имот кој бил отстапен на користење за потребите на Претседателот на РМ.
    Одлуката е од декември 2011 година, наведе обвинителката Снежана Бундалевска.
    Членовите на Левица се товарат за демолирање на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира