СУДОТ ЌЕ ЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ДА ПОЧНЕ ПРОЦЕСОТ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    СУДОТ ЌЕ ЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ДА ПОЧНЕ ПРОЦЕСОТ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕЕксдиректорот на УБК Сашо Мијалков утрово пристигна во Основниот суд Скопје 1 за рочиштето за предметот „Тврдина-Таргет“. (Фото: М. Златевска)

    Судскиот процес на „Тврдина-Таргет“ за масовно нелегално прислушување во УБК пак се одложи. И денес ова судење не почна, а судијката Џанета Бегтовиќ го закажа за 27 март, до кога и се очекува избеганите обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски да бидат екстрадирани од Грција.

    Денес на рочиштето не беше присутен и еден судија од петорката во Основниот суд Скопје 1, бидејќи е поставен на местото на судијата Горан Бошевски, кој барал изземање зашто токму тој го оценуваше обвинението за „Тврдина-Таргет“. Новиот судија треба да го проучи предметот и обемниот доказен материјал, рече Бегтовиќ, која е претседател на петчлениот совет.

    И денеска дојдоа обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов, со чиј идентитет избега Грујевски во Грција, како и останатите петмина обвинети, негови колеги од УБК. Сите обвинети имаат исти адвокати.

    Минатиот пат, Мијалков и Јанкуловска поднесоа нови докази, а на ова рочиште тоа го стори и обвинетата Валентина Симоновска, која е осудена со условна затворска казна во предметот против Грујевски „Тврдина 2“ за незаконско палење на доказите за прислушувањето.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира