ЗАТВОРЕНИКОТ ЗОРАН МИЛЕСКИ-КИЧЕВСКИОТ ОДИ ВО ПРИТВОР ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ СТРАЖА ЗА ДА НЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ СВЕДОЦИТЕ И ДА НЕ ГО ПОВТОРИ ДЕЛОТО 

    ЗАТВОРЕНИКОТ ЗОРАН МИЛЕСКИ-КИЧЕВСКИОТ ОДИ ВО ПРИТВОР ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ СТРАЖА ЗА ДА НЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ СВЕДОЦИТЕ И ДА НЕ ГО ПОВТОРИ ДЕЛОТО Зоран Милески на изрекување на пресудата за „Рекет“ во декември 2019. (Фото: СДК.МК)

    Судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар му одреди 30 дена притвор на Зоран Милески-Кичевскиот за тешката сообраќајна несреќа во саботата кај Стража, во која загина едно лице, а седуммина се повредени.

    Мерката е притвор е на барање на обвинителството, според кое тој претекнал на две полни линии и се судрил со две возила. Гостиварското обвинителство ја побара мерката притвор поради опасност на влијание врз сведоците и можност Милески да го повтори делото.

    Милески, кој е осуден на три години затвор во случајот „Рекет“, е на едномесечен прекин, откако лекари од Охрид препорачале да се лекува од стрес, тахикардија и тешко дишење, а Управата за извршување на санкциите, му дала такво решение по препораката.

    Милески се возел со двајца српски државјани. Тој казната ја издржуваше во отвореното одделение во затворот во Струга.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира