СУДОТ НЕ СООПШТУВА КОГА ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ МУКОСКИ И ОСТАНАТИТЕ ПЕТ ПРАТЕНИЦИ

    СУДОТ НЕ СООПШТУВА КОГА ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ МУКОСКИ И ОСТАНАТИТЕ ПЕТ ПРАТЕНИЦИКрсто Мукоски и петте негови колеги од парламентот со соочуваат со десет години затвор (Фото: М. Златевска)

    Кривичниот суд во Скопје го добил известувањето на Собранието дека им е одземен имунитетот на шесте пратеници, кои се осомничени за учество во организираниот напад во парламентот на 27 април.

    За овие пратеници, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побара притвор.

    „Известувањето од Собранието, поврзано со барањето на судот за имунитетот на пратениците, за кои е поднесен предлог од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, е пристигнато во Основниот суд Скопје 1 и тој е доставен на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадени услови да се постапува по предлогот на Обвинителството“, соопшти Кривичниот суд.

    Судот не прецизираше кога пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски и Љупчо Димовски ќе бидат повикани на распит и кога ќе се одлучува по барањето за притвор.

    Тие се товарат за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, за што е предвидена минимална казна е десет години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира