СУДОТ ВО СТРАЗБУР ПРЕСУДИ МАКЕДОНИЈА ДА ИМ ПЛАТИ ПО 780 ЕВРА НА ВЕЛИЈА И ЕМЕЛ РАМКОВСКИ ЗА НЕАРГУМЕНТИРАН ПРИТВОР

    СУДОТ ВО СТРАЗБУР ПРЕСУДИ МАКЕДОНИЈА ДА ИМ ПЛАТИ ПО 780 ЕВРА НА ВЕЛИЈА И ЕМЕЛ РАМКОВСКИ ЗА НЕАРГУМЕНТИРАН ПРИТВОРВелија Рамковски во 2012 година беше осуден на 13 години затвор. Поради здравствени проблеми, на крајот на 2017 година беше пуштен на лекување. (Фото: Фејсбук)

    Судот за човекови права во Стразбур донела пресуда дека државата треба на сопственикот на Телевизијата „А1“ Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковска, треба да им исплати по 780 евра поради неаргументирано продолжување на  притворот кој им бил одреден во случајот „Пајажина“.

    Адвокатот на Рамковски, Филип Медарски потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК дека Судот во Стразбур пресудил во корист на Велија и Емел Рамковски.

    Судот утврдил дека има повреда на член од Европската Конвенција за човекови права (ЕКЧП) кој се однесува на правото на слобода и безбедност, односно дека македонскиот Суд донел одлука за продолжување на притворот без доволно аргументи по ниту еден законски основ.

    Дополнително ќе се утврдува дали има основ Рамковски да поведе постапка пред македонските судови за начинот како бил определен притворот.

    Сопственикот на телевизијата „А1“ Велија Рамковски беше во притвор една година и два месеци.

    Во судскиот процес „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ во Скопје за затајување на данок, перење на пари и злосторничко здружување.

    Велија Рамковски во 2012 година беше осуден на 13 години затвор. Поради здравствени проблеми, на крајот на 2017 година беше пуштен на лекување.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира