СУДСКА БЛОКАДА – ШТРАЈКУВАAТ И ТИЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ НАПИШАТ КАЗНИТЕ ЗА СУДСКИТЕ ШТРАЈКУВАЧИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДСКА БЛОКАДА – ШТРАЈКУВАAТ И ТИЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ НАПИШАТ КАЗНИТЕ ЗА СУДСКИТЕ ШТРАЈКУВАЧИ

    Судскиот совет сака да ги казни штрајкувачите од судската администрација со преполовување на платите, ама нема кој да ги напише решенијата за намалени плати, оти и секретарите на судовите штрајкуваат рамо до рамо со колегите административци уште од мај.

    Според известувањето што го испратил претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски до сите претседатели на судовите во Македонија на 29 јуни, секој претседател за секој вработен во судската администрација кој штрајкува, треба да изготви поединечно решение за намалена плата од 40 отсто од и онака мизерните плати на штрајкувачите.

    „Решенијата за намалени плати се штанцаат, но тоа ќе биде долг процес“, вели претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски за САКАМДАКАЖАМ.МК, бидејќи штрајкува целата судска администрација.

    Писмото што претседателот на Судскиот совет им го испратил на претседателите на судовите за намалување на платите на штрајкувачите

    Писмото што претседателот на Судскиот совет им го испратил на претседателите на судовите за намалување на платите на штрајкувачите

    Треба да се изготват стотици решенија за намалување на 40 отсто од платите на штрајкувачите. Сите тие имаат право на жалба, што ќе го усложни процесот. За овие поединечни жалби ќе одлучува Комисија за судска служба, која е во рамките на Судскиот буџетски совет, но е сочинета од секретари на судовите, кои штрајкуваат уште од првиот ден.

    Претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски вели дека иако во закон власта обезбеди оневозможување на штрајк на судската администрација и кратењето од 40 отсто е според законот, сепак, целата оваа постапка е незаконска.

    “Според прописите, на почетокот на штрајк се води едиденција кој штрајкува. Место вака, постапено е противзаконски, ги терале да се потпишуваат тие малкумина што не штрајкуваат, за да дојдат до имињата на тие што се на улица. Пред почетокот на штрајкот, работодавецот треба да се договори со штрајкувачите кои минимум обврски ќе ги исполнуваат. Ни тоа не е направено. Ништо не почитуваат што е пропишано со законот“, вели претседателот на УПОЗ.

    Тој смета дека место Судскиот совет да се бави со тоа како да се реши штрајкот, бидејќи Караџовски декларативно секаде се залага да бидат исполнети барањата на судската администрација за покачување на прениските нивни примања, тој сега ги усложнува работите. “Само треба во Законот за судска служба да ги стават нашите барања за додатоци. Ние не бараме пари веднаш. Кога ќе има пари државата, ќе ја исполни обврската“, вели Грујовски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари