СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РЕИЗБРА ИВАН ЏОЛЕВ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ СУД, СЕДНИЦАТА СЕ ПРЕКИНА ЗАШТО СНЕМА СТРУЈА

    СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РЕИЗБРА ИВАН ЏОЛЕВ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ СУД, СЕДНИЦАТА СЕ ПРЕКИНА ЗАШТО СНЕМА СТРУЈАНа Џолев ова ќе му биде втор 4-годишен мандат како претседател, откако никој друг не се пријави на огласот. (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет на денешната седница за претседател на Основниот Кривичен суд Скопје го избра досегашниот в. д. Иван Џолев. Ова ќе му биде втор 4-годишен мандат како претседател, откако никој друг не се пријави на огласот.

    Според дневниот ред, предвидено е да се бираат и други претседатели и судии, но седницата се прекина, бидејќи снема струја во целата зграда каде што е Советот.

    Судскиот совет за првпат денеска бира и по оценување за квалитетот во работата на судиите и на претседателите, а не само по број на завршени, укинати или преиначени пресуди, т. е. само преку статистика.

    Откако не дојде струја и по еден час, седницата продолжи и дискусијата се снимаше на диктафон.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира