СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА РАЗРЕШИ СУДИЈКАТА СОФИЈА ЛАЛИЧИЌ

    СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА РАЗРЕШИ СУДИЈКАТА СОФИЈА ЛАЛИЧИЌДенеска разрешената судијка Лаличиќ стана позната во јавноста по објавувањето на нејзин разговор со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков пред шест години. - Од седница на Судскиот совет (архивска фотографија)

    Судскиот совет на денешната седница донесе одлука да ја разреши судијката од Основниот кривичен суд Софија Лаличиќ поради нестручно и несовесно работење и истовремено донесе одлука времено да ја оддалечи од вршењето на судиската функција до правосилно завршување на постапката. Лаличиќ има право на жалба до Врховниот суд на одлуката на Судскиот совет.

    Судскиот совет претходно ги разреши поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски и експретседателот на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски, за кои одлуките се правосилни. Неправосилно разрешени се врховната судијка Лидија Неделкова и поранешната в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Скопје Татјана Михајлова.

    Денеска разрешената судијка Лаличиќ стана позната во јавноста по објавувањето на нејзин разговор со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков пред шест години, од страна на тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев. Разговорот помеѓу Лаличиќ и Мијалков го имаше во „бомбата“ за правосудството, објавена од опозицијата на 19 март 2015 година. Во продолжение е извадок од транскриптот на „бомбата“ од која произлезе терминот „сваровски судство“:

    СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?
    СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?
    СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?
    СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.
    СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.
    СМ: А?
    СЛ: Тоа и е моминско, и е Тупанчевска, Петровска и е од мажот.
    СМ: Аха. Иначе која е, како е она?
    СЛ: Па на Тупанчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, и го испуши. Значи цел Сваровски и го купи и го испуши.
    СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.
    СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сварсовски поклони и купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега…сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.
    СМ: Добро ајде нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.
    СЛ: И добро, друг?
    СМ: Толку е што.
    СЛ: Е па три места има.
    СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.
    СЛ: Што збориш бе?
    СМ: Каква е таа, кажи ми?
    СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи…
    СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа неможе да пројде така.
    СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.
    СМ: Таа утре ќе се сврти, а?
    СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира