СВАРОВСКИ СУДИИТЕ ИЗБРАНИ ОД ТЕФТЕРЧЕТО УШТЕ НЕ МОЖАТ ДА ПРЕСУДАТ ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ, КАЖА АДВОКАТОТ НА РУСКОВСКА

    СВАРОВСКИ СУДИИТЕ ИЗБРАНИ ОД ТЕФТЕРЧЕТО УШТЕ НЕ МОЖАТ ДА ПРЕСУДАТ ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ, КАЖА АДВОКАТОТ НА РУСКОВСКА Тужбата на Русковска се однесуваше на спотот „Криминална вистина”, во кој се тврди дека поднесува обвиненија по нарачка, а не според докази и за спотот „Штанд на лагите”, во кои, според неа, изнесен е невистинит факт дека ја извршува својата функција под влијание на СДСМ. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Основниот граѓански суд денеска ја одби тужбата на шефицата на Обвинителството за организирам криминал и корупција Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ за клевета за користење на нејзиниот лик во два предизборни спотови.

    „Ќе видиме какво ќе биде образложението во писмената пресуда и ќе се жалиме. Доколку се служиме со јазикот на ВМРО-ДПМНЕ за јавна критика и сарказам, произлегува дека сваровски судијата избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против тие што го избрале и уште го држат за уши“, изјави Панче Ефтимов, адвокатот на Русковска по изрекувањето на пресудата.

    Во спотовите во предизборната кампања ВМРО-ДПМНЕ, таа беше претставена како слуга на владејачката СДСМ. Од тужената ВМРО-ДПМНЕ на судењето кажа дека станува збор за критика преку сарказам.

    Русковска во тужбата имаше наведено дека за време на емитувањето на спотовите со неа од страна на ВМРО-ДПМНЕ, таа преживеала анксиозност, душевна болка, загриженост… Бараше отштета од 10.000 евра од тужените, кои рече дека би ги донирала во Детско село, каде што најмалку еднаш годишно донира во помали суми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира