СВЕДОЦИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ЌЕ БИДАТ ПРИВЕДЕНИ, НЕ ДОЈДОА ДА СВЕДОЧАТ ПРОТИВ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ВО „ТОПЛИК“

    СВЕДОЦИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ЌЕ БИДАТ ПРИВЕДЕНИ, НЕ ДОЈДОА ДА СВЕДОЧАТ ПРОТИВ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ВО „ТОПЛИК“Сведоците кои не дојдоа, се на предлог на СЈО. - Миле Јанакиески пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Судијата Осман Шабани од Основниот суд Скопје 1 на денешното судење за „Топлик“ каде за злоупотреба на службената положба и овластувањата се обвинети Миле Јанакиески и уште петмина службеници, донесе наредба на наредното судење на 21 септември да бидат приведени и донесени со полиција во судот тројца сведоци кои не дојдоа да сведочат.

    Јанакиески, според обвинението на СЈО, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. Штетата што ја направиле на државата е 65 милиони денари.

    Првиот сведок била вработена во Министерството за транспорт и врски, во Секторот за документирање и управување со градежно земјиште. Во 2007 година била член на Комисијата за јавно наддавање за оттуѓување државно градежно земјиште при ресорното Министерство.

    Сведоците кои не дојдоа, се на предлог на СЈО.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари