Седницата за избор на Владата во Собранието на Македонија ќе биде во вторник, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.
Мандаторот за состав на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во недела доцна навечер до Собранието на Република Македонија поднел предлог за состав на Владата на Република Македонија и Програма на Владата на Република Македонија.
„Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот, за избор на владата на Репулика Македонија“, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.