ТАЛЕСКИ БЕГА ОД БИТОЛСКАТА ГЕРИЛА, НЕ СЕ СЛИКАШЕ СО НОВИОТ ТРЕНЕР НА „ПЕЛИСТЕР“

    ТАЛЕСКИ БЕГА ОД БИТОЛСКАТА ГЕРИЛА, НЕ СЕ СЛИКАШЕ СО НОВИОТ ТРЕНЕР НА „ПЕЛИСТЕР“

    Битолскиот градоначалник Владимир Талески денес не се појави на прес конференцијата на ракометниот клуб „Пелистер“ на која беше промовиран новиот тренер на клубот, легендата на балканскиот ракомет, Босанецот Касим Каменица. РК „Пелистер“ е акционерско друштво во стопроцентна сопственост на општина Битола, па денес се очекуваше Талески како домаќин да се појави на првата прес конференција за добредојде на Каменица.

    Од Управата на клубот не го коментираа неговото отсуство.

    Талески го нема во јавноста откако му се случи уличната герила пред еден месец кога членови од „Битолското движење“ го посипаа со пари „владимирки“ на официјална прес конференција на патот Битола –Ресен. Тогаш градоначалникот заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски застанаа да се снимат пред камерите за сеуште недообновениот пат, а битолчани истакнаа транспарент „Честито аболиција“ и фрлаа со лажни евра од 360.000-ки со ликот на Талески.

    Градоначалникот кој претходно секој ден беше на тв екранот, по ваквиот настан нема одржано ни една прес конференција.

    Ианку, тренерот Каменица го водеше Пелистер пред 30 години кога тој нижеше врвни резултати на табелите на поранешната југословенска лига. Сега одлучи остатокот од работниот век да го потроши во Битола и кубот да го исправи на здрави нозе.

     

    џ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари