ТАРАВАРИ И СПАСОВСКИ ИМ ДАДОА ИЗВОДИ НА ДВЕ РОДИЛКИ, СТАРТУВАШЕ ПРОЕКТОТ „ДОБРЕДОЈДЕ БЕБЕ“

    ТАРАВАРИ И СПАСОВСКИ ИМ ДАДОА ИЗВОДИ НА ДВЕ РОДИЛКИ, СТАРТУВАШЕ ПРОЕКТОТ „ДОБРЕДОЈДЕ БЕБЕ“Министрите за здравств и за внатрешни работи Арбен Таравари и Оливер Спасовски со родилките на Клиниката за гинекологија. (Фото: СДК.МК)

    Министрите за здравство и за внатрешни работи Арбен Таравари и Оливер Спасовски ги поделија првите изводи од книгата на родени на мајките на две новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство. Со тоа денес стартуваше проектот „Добредојде бебе“, со кој што идните родители ќе можат да изберат дали изводот за нивното дете сакаат да го добијат дури мајката и бебето се во родилиште.

    Арбен Таравари, рече дека изводот од матичните книги ќе го добијат во рок од 48 часа, додека мајката и бебето сѐ уште се во родилиштето. Засега оваа нова услуга ќе ја има само во родилиштата во Скопје, а од септември и во останатите 18 гинеколошки болници во земјава.

    „’Добредојде бебе’ е една од првите новини на системот ‘МојТермин’, кој постепено ќе се надградува со нови содржини, за да се олеснат и забрзаат постојните процеси, а со тоа да се олесни комуникацијата меѓу докторите и пациентите. Се надеваме дека со оваа новина ќе им помогнеме на новите родители да уживаат во моментите на новороденчето, место да чекаат по шалтери“, рече Таравари.

    Овој проект е планирано потоа да се прошири и во приватните болници каде има родилишта, но од Министерството за здравство не прецизираа кога тоа ќе се случи. Останатите родители кои за време на престојот на родилката и бебето во болница немаат определено име за бебето или не сакаат изводот да го добијат во родилиште, тоа ќе може да го направат на шалтерите на Министерството за правда како и досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира