ТАТКОТО НА МИЛОШОСКИ НАШОЛ ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ВО СВОЈАТА КУЌА

    ТАТКОТО НА МИЛОШОСКИ НАШОЛ ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ВО СВОЈАТА КУЌАОва го сфаќам како закана и како обид за убиство на моите родители, а со тоа закана и притисок личен кон мене за моето политичко дејствување, кажа пратеникот Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција. (архивска фотографија)

    Таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во своjата куќа во селото Ижиште, Македонски брод, вчера пронашол експлозивна направа, потврди МВР.
    „М.М. (66) од Кичево додека косел во дворот од сопствената куќа, оштетил метален предмет кој претходно не го забележал. Од ударот, предметот почнал да дими формирајќи бел чад, од што истиот почувствувал солзење во пределот на очите, носот и болка во градите. По случката, М.М. се упатил во една од подрумските простории на куќата каде на влезната врата пронашол експлозивна направа поставена на внатрешната страна од влезната врата“, велат од МВР.

    Увид на местото на настанот извршиле Јавното обвинителство, увидна екипа од полициската станица во Македонки брод и екипа од Одделот за антитерористичка заштита, при што е подигнат предметен материјал и даден за вештачење, додаваат од МВР.
    Милошоски кажа дека ова го сфаќа „како закана и како обид за убиство на моите родители, а со тоа закана и притисок личен кон мене за моето политичко дејствување“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира