ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКАТА КУЛА НА ВОДНО КОЈА СЕ ГРАДИ 9 ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВА НАЈРАНО ДО 2023, НАЈАВУВА АЕК

    ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКАТА КУЛА НА ВОДНО КОЈА СЕ ГРАДИ 9 ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВА НАЈРАНО ДО 2023, НАЈАВУВА АЕКНа врвот на телекомуникациската кула, која ќе биде висока 155 метри, ќе има панорамски ресторан кој сè уште не е почнат да се гради. (Фото: Фејсбук)

    Телекомуникациската кула на Водно во Скопје, која Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) почна да ја гради во 2013, ќе биде готова до крајот на 2023. Во моментов, на терен градежните работи се интензивирани. Во средина целосно е направено бетонското стебло, се работи на четирите платформи во форма на чинии и на четирите како извиткани столбови.

    „Имаше одреден застој во градежните работи, но веќе неколку месеци на терен се одвиваат градежни работи. Очекуваме кулата да биде готова до 2023, но поради одложувањата можно е рокот да биде продолжен“, вели директорот на АЕК Јетон Акику.

    На врвот на телекомуникациската кула, која ќе биде висока 155 метри, ќе има панорамски ресторан кој сè уште не е почнат да се гради.

    Објектот ќе биде со централно армиран бетонски столб на кој ќе бидат четири конзолни платформи и челично решеткаст столб, а на врвот ќе има антена. На платформите ќе има канцелариски простор и ќе биде сместена целата опрема.

    Изведувач на градежните работи е градежното претпријатие „Гранит“. Вредноста на договорот за градежни работи е околу 18 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира