ТЕПАЛ ПОЛИЦАЈКА И ЈА ВЛЕЧЕЛ ПО ЗЕМЈА ПРЕД НЕЈЗИНИТЕ КОЛЕГИ

    ТЕПАЛ ПОЛИЦАЈКА И ЈА ВЛЕЧЕЛ ПО ЗЕМЈА ПРЕД НЕЈЗИНИТЕ КОЛЕГИОбвинетиот 25-годишен скопјанец се товари за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност. (архивска фотографија)

    Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог против 25-годишен скопјанец, кој на 13 февруари годинава тепал полицајка и ја влечел по земја откако таа, со уште тројца колеги, се обидела да провери оштетен автомобил во подземна гаража на улица „Анкарска“.

    Како што соопшти обвинителството, од совозачката врата на возилото излегол обвинетиот, по што му било наредено на застане, но се обидел да избега, а полицајката за да го задржи го фатила со двете раце за нозете во делот на потколениците.

    „Тој почнал да ја удира со нозете во пределот на главата и лицето и да ја влече по асфалтот, нанесувајќи и телесни повреди во вид на потрес, отворена рана на главата и нагмечување на главата“, се вели во соопштението на ОЈО Скопје.

    Обвинетиот се наоѓа во притвор и надлежен јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на притворот. Обвинителниот предлог е за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира