ТЕСНО СОРАБОТУВАМЕ СО АРМИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЦЕЛИТЕ ПОСТАВЕНИ ОД НАТО, КАЖА БРИТАНСКАТА АМБАСАДОРКА ГАЛОВЕЈ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАТО

    ТЕСНО СОРАБОТУВАМЕ СО АРМИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЦЕЛИТЕ ПОСТАВЕНИ ОД НАТО, КАЖА БРИТАНСКАТА АМБАСАДОРКА ГАЛОВЕЈ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАТОМинистрите за одбрана на Велика Британија и Северна Македонија, Бен Волис и Славјанка Петровска на 8 март во Лондон. (Фото: Британска амбасада во Скопје)

    Британската амбасадорка во Скопје Рејчел Галовеј вели дека од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО пред две години, Обединетото Кралство тесно соработуваше со Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на реализацијата на целите на способности поставени од НАТО.

    „Нашата работа подразбираше редовно распоредување на краткорочни тимови за обука за советување во однос на тактиката на пешадијата и развој на лидерството. Нашиот советник за трансформација е интегриран во Министерството за одбрана и е ангажиран за советување во однос на процесите и интероперабилноста на НАТО. Во последната година, формиравме ќелија за координација на обуката во Скопје за да ја усогласиме и оптимизираме нашата поддршка на обуката. Обезбедивме донации и најсовремени системи за преноќување и во наредните месеци ќе испорачаме нови електронски мети и привремена зграда за урбана и хибридна обука на полигонот Криволак“, изјави Галовеј по повод одбележување на 4 април, Денот на НАТО.

    Амбасадорката рече и дека Обединетото Кралство тесно соработувше со Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија и НАТО сојузници на подготовките за вежбата Брз одговор 22 [Swift Response 22], која вклучува повеќе од 4.000 членови од седум НАТО сојузници, вклучувајќи ги Северна Македонија, Обединетото Кралство, САД, Италија, Франција, Црна Гора и Албанија, а е една од најголемите воени вежби што ќе се реализираат оваа пролет на полигонот Криволак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира