ТЕВДОВСКИ СО СВЕТСКА БАНКА ПРАВИ СТРАТЕГИЈА КАКО ДА ГО НАМАЛИ ДОЛГОТ ОД 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ТЕВДОВСКИ СО СВЕТСКА БАНКА ПРАВИ СТРАТЕГИЈА КАКО ДА ГО НАМАЛИ ДОЛГОТ ОД 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА„За три месеци треба да биде готова стратегијата“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција. (СДК.МК)

    Министерството за финансии заедно со Светска банка работи на чистење на доспеани, а неплатени долгови. Ова го кажа министерот за финансии Драган Тевдовски, по вчерашниот состанок со Линда Ван Гелдер, директор за регионот на западен Балкан во Светска банка.

    Тој објасни дека со Светска банка во моментов работат на стратегија, поточно прибираат податоци и прават анализи како тие долгови да се намалат во иднина.

    „Мислиме дека со таква стратегија би можеле да излеземе за најмногу три месеци“, рече Тевдовски.
    Јавниот долг во моментов изнесува 4,7 милијарди евра.

    Тој кажа дека на состанокот со претсавниците на Светска банка, на кој учествувале и премиерот Зоран Заев и останатите економски министри, како и министерките за образование и труд и социјална политика, акцент бил ставен на јавните финансии и ефикасноста од јавната потрошувачка.

    „Министерството за финансии веќе почна со реализација на еден од стратешките препораки од Светска банка, а тоа е транспарентност на јавните финансии. До крајот на годината планираме да излеземе со промени на Законот за буџет, за да го подобриме буџетскиот проток и да воведеме една кредибилна рамка на средорочно буџетско проектирање“, рече Тевдовски.

    Една од алатките за подобро управување со јавните финансии, што Владата планира да ги воведе е и финансиски совет, а неговото формирње според Тевдовски ќе зависи од средорочното буџетско планирање.

    Тој не кажа дали овој совет ќе се формира до крајот на годината, или со работа ќе почне следната година.
    „Финансискиот совет ќе биде само една од контролните алатки, со кои ќе се подобри управувањето на јавните финансии“, рече Тевдовски.

    Со Светската банка новата Влада разговарала и за приоритетите за кои може да се добие финансиска поддршка.
    „Разговаравме за различни можности за финансирање, како што се за активни мерки за вработување, подобро упреваување со јавни финансии, енергетска инфраструктура, транспорт“, рече Тевдовски.

    Линда Ван Гелдер, директор на регионот западен Балкан во Светска банка, рече дека ги очекуваат ефектите од тековните проекти, кои се спроведуваат во Македонија, поделени во седум операции, со поддршка од 350 милиони долари.

    Таа рече дека Светската банка ќе биде силен партнер во развојот на Македонија, и дека нивните активности се насочени кон подобрување на енергетската и патната инфраструктура, подобрување на иновативноста, но и на социјалната заштита со осврт на сиромашните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира