Претседателот на Собранието Талат Џафери се обиде на денешната седница со цртеж на кој на англиски пишува „Тишина молам!“ да ги замолчи пратениците кои вреват и дофрлуваат од место буквално за сè и сешто. Собранието и денеска личеше на пазарен ден, кога на почетокот на осмата седница Џафери рече да се извади од дневен ред точката за извршување на Буџетот од 2016.
„Претставникот од Владата, министерот за финансии Драган Тевдовски не е тука, не можам да го чекам цел ден јас него. Он треба мене да ме чека, а не јас него”, рече Џафери и ја премести оваа точка.
Тогаш се развревија пратениците и Џафери извади цртеж со силуета на човек со прст на устата, барајќи тишина.
По ова дојде Тевдовски, а на барањата на координаторот на пратеничката група на СДСМ да се врати точката на дневен ред, спикерот му рече „соберете си сега 20 потписи и барајте си итна седница”.
С. К. ДЕЛЕВСКА