ТРАМП ЈА ПРОДОЛЖИ ВАЖНОСТА НА ЦРНАТА ЛИСТА ЗА МАКЕДОНИЈА НА КОЈА ИМА 10 ЛИЦА

    ТРАМП ЈА ПРОДОЛЖИ ВАЖНОСТА НА ЦРНАТА ЛИСТА ЗА МАКЕДОНИЈА НА КОЈА ИМА 10 ЛИЦАТрамо денеска ја потпиша првата одлука која се однесува на Западен Балкан и на Македонија, откако тој ја презеде должноста претседател на САД во јануари оваа година. (архивска фотографија)

    Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот да ја продолжи важноста на т.н. „закана по националните интереси на САД“ од регионот на Западен Балкан, документ кој беше донесен во јуни 2001 година од Џорџ Буш.

    Со него се опфатени Босна и Херцеговина, Косово и Македонија и тој пропишува дека од овие сè уште земји постои закана од „лица кои помагаат или поддржуваат екстремно насилство“.
    „Заканата произлегува од дејствијата на личностите кои вклучени или помагаат, спонзорираат или поддржуваат екстремистичко насилство во Република Македонија или на друго место во регионот на Западен Балкан“, се вели во предлогот на Трамп.

    Инаку, станува збор за прва одлука потпишана од Трамп која се однесува на Западен Балкан и на Македонија, откако тој ја презеде должноста претседател на САД во јануари оваа година.
    За т.н. црна листа се вели дека опфаќа лица „кои се непријателски кон интересите на САД и кои претставуваат закана за националната безбедност и за надворешна политика на земјата“.

    На неа од Македонија има 10 лица, повеќето поранешни команданти на Ослободителната национална армија (ОНА), од кои некои се во новиот состав на Собранието.
    Станува збор за Џеват Адеми, Гафур Адили, Нури Беџети, Невзат Халили, Џавит Хасани, Кастриот Хаџиреџа, Џемаљ Хисени, Даут Реџепи, Џезаир Шакири и за Мендух Тачи.

    Од нив во актуелниот парламентарен состав се Џеват Адеми од ДУИ и Мендух Тачи од опозициската ДПА.
    Посебно за Македонија се вели дека таа листа била ревидирана во 2003 година „за да се преземат чекори против делата за попречување на имплементацијата на Рамковниот договор“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира