ТРЕТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

    ТРЕТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕОд ланската Парада на гордоста во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“, денеска во Скопје третата Парада на гордоста. Парадата почнува во 17 часот во во паркот „Жена-борец“, од каде во 19 часот ќе тргне протестниот марш по скопските улици и ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

    Ќе пеат Андреа и Наде Спасовска-Талевска, ќе настапат диџеи и дрег кралици од земјата и од регионот, а програмата ќе ја води актерката актерката Наталија Теодосиева.

    „Парадата на гордоста останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, велат рганизаторите, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

    Првата Парада на гордоста се одржа во 2019, а втората лани по паузата поради ковид кризата.

    Во текот на Парадата ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на центарот на Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени улиците 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, Аминта Трети, 1732 и булеварот ВМРО, соопшти МВР.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира