ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ЕДНА ОД НИВ ВО БРЗА ПОМОШ НА ПАТ ЗА СКОПЈЕ, УШТЕ 20 НОВИ СЛУЧАИ

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ЕДНА ОД НИВ ВО БРЗА ПОМОШ НА ПАТ ЗА СКОПЈЕ, УШТЕ 20 НОВИ СЛУЧАИОд денес во земнјава почнува таргетиран скрининг. Отворени се пунктови за земање брисови од пациенти кои се упатени од матични лекари по претходен скрининг за КОВИД-19 во просториите на Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици, а за Град Скопје во поликлиниките на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Три лица починаа од коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Во Општата болница Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.

    Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Оздравени 24 пациенти во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1.

    Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.
    На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Во нашата земја вкупно ковид дијагностицирани се 1.694 лица, оздравени пациенти се 1.229, починати се 95, а активни случаи се 370. Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 579, активни 129
    Куманово – 410, активни 46
    Дебар – 51, активни 0
    Штип-35, активни 2
    Прилеп –184, активни 56
    Тетово – 121, активни 58
    Струга – 67, активни 4
    Велес – 109, активни 50
    Битола –23, активни 4
    Охрид –15, активни 0
    Кавадарци – 5, активни 0
    Гостивар –19, активни 4
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 2, активни 0
    Крива Паланка- 6, активни 2
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 31, активни 5
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 2, активни 0
    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 0
    Пехчево- 3, активни 1
    Делчево-1, активни 0
    Валандово -1, активни 1
    Виница – 2, активни 0
    Кратово-2, активни 2
    Берово-1, активни 1

    Направените 309 теста се преку: ИЈЗ –161, Ветеринарен факултте -16, Авицена –13, Биотек -24, Филип Втори (Жан Митрев) –40, Систина со ПЦР метода -36 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања на КОВИД -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира