ТРИ МЕСЕЦИ ПО ПРЕЛЕЖУВАЊЕТО E НАЈКРАТКИОТ ПЕРИОД ЗА РЕИНФЕКЦИЈА СО КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАВА

    ТРИ МЕСЕЦИ ПО ПРЕЛЕЖУВАЊЕТО E НАЈКРАТКИОТ ПЕРИОД ЗА РЕИНФЕКЦИЈА СО КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАВАПрепораките од Комитетот за имунизација се секој којпрележал ковид по изминати 45 дена да се вакцинира. (Фото: К. Попов)

    Најкраткиот период во кој е регистрирана реинфекција со ковид-19 во земјава е изминати три месеци по прележување на вирусот, соопшти Министерството за здравство. Во просек, реинфекциите се случуваат по четири до пет месеци по прележување на коронавирусот.

    „Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во просек реинфекциите на ковид- 19 вирусот помеѓу граѓаните во државата се регистрираат по изминати четири-пет месеци од прележаната прва инфекција. Препораките од Комитетот за имунизација се секој кој го прележал вирусот по изминати 45 дена да се вакцинира, со цел стекнување на дополнителен имунитет и поради тоа што природниот имунитет нема ист интензитет на заштита како вакцините против ковид- 19“, соопшти Министерството за здравство.

    Од Министерството велат дека триесет и шест лица во земјава во периодот од 13 до 19 декември се заразиле со ковид-19, што е зголемување од 38,5 проценти во однос на претходната недела. Но, засега нема официјален податок дали меѓу реинфицираните има лица кои се комплетно вакцинирани, со две дози и еднаш веќе прележани. Заклучно со 19 декември, вкупно се регистрирани 1.013 реинфекции (0,5%).

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира