ТРОЈЦА НОВОЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПОПИША ВАКЦИНИТЕ СО ПОГРЕШНИ ДЕКЛАРАЦИИ

    ТРОЈЦА НОВОЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПОПИША ВАКЦИНИТЕ СО ПОГРЕШНИ ДЕКЛАРАЦИИЕдномесечното бебе со Даунов синдром, кое завчера беше префрлено од Клиниката за детски болести на Клиниката за инфективни болести е во подобра состојба, велат од Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести во последното деноноќие примени се едно дете и еден возрасен, кои се заразиле од морбили, а прегледана е уште една пациентка, која е пуштена на домашно лекување.

    „Детето е од Општина Кисела Вода има 2,5 години, не посетувало градинка и не било вакцинирано. На Клиниката е примен и 40-годишен маж, за кој вакциналниот статус е непознат, а тој во претходниот период патувал во Шведска, Данска, Германија и Белгија. Амбулантски е прегледана и 29 годишна жена од Скопје, која е пуштена на домашно лекување. Во моментов на Клиниката се лекуваат 24 пациенти“, велат од Министерството за здравство.

    Едномесечното бебе со Даунов синдром, кое завчера беше префрлено од Клиниката за детски болести на Клиниката за инфективни болести е во подобра состојба, велат од Министерството за здравство.

    „На вакциналните пунктови денес до 13 часот вакцинирани се 168 деца, а од почетокот ан епидемијата досега вкупно се вакцинирани 5.352 деца. Апелираме родителите чии деца не се вакцинирани, тоа што поскоро да го направат, бидејќи болеста лесно се пренесува од човек на човек, а може да има тешки последици“, велат од Министерство за здравство.

    Од Министерството препорачуваат при појава на симптоми родителите децата прво да го однесат на матичен лекар, а за време на викендот и во ноќните часови да ги однесат во педијатриските пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Ѓорче Петров“, а ако има потреба лекарот ќе ги препрати на Клиниката за инфективни болести.

    Основното јавно обвинителство кое отвори предмет по допрен глас за погрешните етикети на вакцините МРП (морбили, рубеола, паротит) денес соопшти дека Министерството за внатрешни работи постапувајќи по наредба од ОЈО во просториите на дистрибутерот пронашле вакцини со погрешни декларации, кои не се уништени.

    „Надлежниот јавен обвинител дал наредба да се попишат и обезбедат вакцините за евентуална идна постапка, а ќе останат во просториите на компанијата бидејќи таму има простор и услови за чување. Проверките по предметот отворен по допрен глас продолжуваат до утврдување на фактите“, соопшти ОЈО.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира