ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 38 НОВИ СЛУЧАИ ОД КОИ 24 СЕ ОД СКОПЈЕ

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 38 НОВИ СЛУЧАИ ОД КОИ 24 СЕ ОД СКОПЈЕВо ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, а со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.(Фото: Ѓ. Личовски)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74-годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај, а во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај, соопшти Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека во Институтот за јавно здравје, од болницата „Ремедика“, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје ( 53 години) и истиот е позитивен на КОВИД-19.

    Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа  примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, а со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 38 пациенти -позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
    Оздравени се 16 пациенти и тоа во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.

    Вкупнo ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 2.077,  оздравени се пациенти е 1.486,  починати е 122, а активни случаи се 469.
    Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 771, активни 232
    Куманово – 442, активни 36
    Дебар – 51, активни 0
    Штип – 54, активни 19
    Прилеп –211, активни 43
    Тетово – 182, активни 71
    Струга – 77, активни 9
    Велес – 128, активни 31
    Битола –29, активни 7
    Охрид –23, активни 8
    Кавадарци – 5, активни 0
    Гостивар –22, активни 4
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 3, активни 1
    Крива Паланка- 6, активни 0
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 31, активни 0
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 2, активни 0
    Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 0
    Пехчево- 3, активни 0
    Делчево-1, активни 0
    Валандово -1, активни 0
    Виница – 3, активни 1
    Кратово-2, активни 1
    Берово-1, активни 0
    Свети Николе-1, активни 1

    Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен факултет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со ПЦР метода -60 и МАНУ -111. Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на КОВИД -19.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира