ЦВЕЌЕ И ЗА ЗАГРАДЕНИТЕ ОСЛОБОДИТЕЛИ НА СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЦВЕЌЕ И ЗА ЗАГРАДЕНИТЕ ОСЛОБОДИТЕЛИ НА СКОПЈЕ

    Владата утрово ги отвори портите за пристап до споменикот на ослободителите на Скопје за делегациите да можат да остават цвеќе по повод 13 Ноември, Ден на ослободување на Скопје. Делегација на Владата на Република Македонија положи цвеќе и на овој споменик, откако претходно свежо цвеќе оставија на Партизанските гробишта во Бутел и на споменикот на Михајло Апостолски.

    Споменикот на ослободителите на Скопје се најде зад решетките на оградата од ковано железо лани, кога Владата реши да го огради објектот оти, како што објасни Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи во Влада, секој двор се оградувал. За пристап до споменикот во дворот на Владата беше оставен посебен влез, еден од вкупно шестте по целата должина на оградата која чини околу 700.000 евра. Портите се заклучуваат навечер и во неработни денови, денешниот неработен ден е исклучок поради празникот.

    Денот на ослободувањето од утрово го одбележува и градоначалникот на Скопје. Тој, традиционално, се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народно ослободителната антифашистичка војна. Попладнево, во 16 часот градоначалникот Трајановски ќе го означи стартот на традиционалната ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, а вечерва во 19 часот во Македонската опера и балет тој ќе ја врачи наградата „13 Ноември“ на Град Скопје на годинашните добитници.

    По  доделувањето на наградите настап ќе има хорот „Св. Злата Мегленска“, а потоа ќе биде изведена оперетата „Глорија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира