ТУРЦИЈА МУ ОДРЕДИ ПРИВРЕМЕН ЗАТВОР НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ВО БЕЛИКЕСИР

    ТУРЦИЈА МУ ОДРЕДИ ПРИВРЕМЕН ЗАТВОР НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ВО БЕЛИКЕСИРПалевски, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, беше уапсен од турската полиција како се движи пешки по автопат во Беликесир. (Фото: принтскрин)

    На Љупчо Палевски-Палчо, кој на 5 декември беше уапсен во Турција за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, му е одреден привремен затвор во затворот во Беликесир, соопшти Министерството за правда.

    Во министерството добиле допис од обвинителството во Беликесир, од каде што велат дека на Љупчо Палевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело Намерно убиство на дете, со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена.

    Палевски, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, беше уапсен од турската полиција како се движи пешки по автопат во Беликесир. При апсењето бил сам и не пружал отпор, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 5 декември.

    Во Турција стигнал преку Бугарија, од Србија, каде што првично избегал на 30 ноември, три дена по киднапирањето и убиството на Ѓорчевска.

    Во притвор во Скопје се уште четворица осомничени за киднапирањето и убиството, вклучувајќи го и таткото на Ѓорчевска и тројца соработници на Палевски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира