УАПСЕН БОКИ 13 НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА

    УАПСЕН БОКИ 13 НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦАОбвинителството најави прес-конференција со повеќе детали за истрагата попладнево - Бојан Јовановски (Фото: Инстаграм)

    Бизнисменот Бојан Јовановски – Боки 13 денеска е уапсен на граничниот премин „Богородица“, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од истрагата во обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Боки 13, кој се претставува како сопственик на телевизијата „1ТВ“, е уапсен со бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец. Новинарот Бранко Героски минатиот месец објави серија текстови со измислени ликови за наводен рекет на медиумски газда врз бизнисмени и политичари. Самиот Боки 13 во интервју на телевизијата „1ТВ“ кажа дека тој се препознал во текстовите на Героски.

    Обвинителството најави прес-конференција со повеќе детали попладнево.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира