Уапсен е скопјанец кој фрлал камења по полициски хеликоптер додека полнел воза за гасење пожар, со што ја загрозил безбедноста на леталото, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
На 12 август во 18:55 часот, полициски службеници од Полицската станица (ПС) Карпош го лишија од слобода И. А. (55) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај по член 303 од Кривичниот законик (КЗ).
„Имено, на 06.07.2025 околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот ‘бел 412’ и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните“, вели МВР.
По преземени мерки и активности, И.А. е пронајден и лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.