УАПСЕН СОКОЛ МИТРЕВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

    УАПСЕН СОКОЛ МИТРЕВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВСокол Митревски при промоција на едно училиште во населба Хром кога беше градоначалник (Фото: архива)

    Ексградоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митревски е уапсен утрово, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од полициски извори.

    Митревски, според првичните информации, е уапсен за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште. Митревски се очекува да биде однесен во една од полициските станици, во Кисела Вода или Гази Баба.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира