УАПСЕНИ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ И ДВАЈЦА АДМИНСТРАТИВЦИ, ШЕСТ БИЗНИСМЕНИ ПОВИКАНИ НА РАСПИТ

    УАПСЕНИ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ И ДВАЈЦА АДМИНСТРАТИВЦИ, ШЕСТ БИЗНИСМЕНИ ПОВИКАНИ НА РАСПИТОд Обвинителството за организиран криминал за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека покрај оваа пријава против осомничените деветмина има пријава и од Финансиската полиција и плус уште две пријави. - Стевчо Јакимовски (архивска фотографија)

    Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски и уште двајца вработени во општинската администрација утрово се приведени од полицијата по налог на Обвинителството за организиран криминал, а уште шестмина ќе бидат повикани на распит, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од обвинителството.

    За Стевчо Јакимовски и за уште двајца вработени во општинската администрација, раководители на оддели за експропријација и за урбанизам ќе се бара притвор, а за другите мерки на претпазливост.

    Останатите се бизнисмени, повеќето од градежниот сектор. Се очекува денеска сите да бидат сослушани од судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

    Според кривичната пријава од одделот за организиран криминал во МВР до Обвинителството, времени објекти на државно земјиште кои по ниеден закон не смееле да се легализираат, биле легализирани и со тоа земјиштето било откупено по најмногу до 5 евра квадрат.

    Од Обвинителството за организиран криминал за САКАМДАКАЖАМ.МК рекоа дека покрај оваа пријава, против осомничените деветмина има пријава и од Финансиската полиција и плус уште две пријави.

    Јакимовски од август минатата година за друго кривично дело е под мерки за претпазливост и редовно се јавува во судот.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира