СУДОТ ИМ ГИ ОДЗЕДЕ ПАСОШИТЕ НА ЈАКИМОВСКИ И ЧЕТВОРИЦАТА ОПШТИНСКИ АДМИНИСТРАТИВЦИ

    СУДОТ ИМ ГИ ОДЗЕДЕ ПАСОШИТЕ НА ЈАКИМОВСКИ И ЧЕТВОРИЦАТА ОПШТИНСКИ АДМИНИСТРАТИВЦИПоранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски попладнево пристигна на распит во Основниот суд Скопје придружуван од Финансиската полиција. (Фото: К. Попов)

    Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и на ексградоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски и на четворица вработени во општината им изрече мерки на претпазливост – одземање пасош и редовно пријавување во судот.

    Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки, при што го оштетиле општинскиот буџет за околу 600.000 евра.

    Финансиската полиција вчера изврши претрес во неколку објекти на осомничените, а нешто пред полноќ Јакимовски беше и приведен. Ноќта ја помина во полициска станица, а попладнево беше однесен на распит во Основниот суд Скопје 1, каде што претходно беа сослушани неговите соработници од општината.

    Финансиската полиција денеска соопшти дека има основани сомнежи дека петмината осомничени ја злоупотребиле службената положба и овластувања и го оштетиле буџетот на Општина Карпош вкупно за 36.634.675 денари, овозможувајќи им да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица Алконпроект во износ од 33.789.441 денари и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари