УБИЕЦ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР, ПО НЕУСПЕШНО БЕГСТВО ОД ЌЕЛИЈАТА, НАЈДЕН НА ТАВАН ВО „ИДРИЗОВО“

    УБИЕЦ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР, ПО НЕУСПЕШНО БЕГСТВО ОД ЌЕЛИЈАТА, НАЈДЕН НА ТАВАН ВО „ИДРИЗОВО“На броењето синоќа, ова лице било присутно, но на пребројувањето утринава во 8 часот, го немало. За час и половина бегалецот од ќелија бил најден. - Затворот „Идризово" (Фото: СДК.МК)

    Албанскиот државјанин А.Д., кој успеал ноќеска да се ослободи од ќелијата каде ја издржувал доживотната затворска казна, утринава е најден на таванот на затворот „Идризово“.

    Се работи за албански државјанин, кој неодамна е осуден на доживотна робија за извршени разбојништво и убиство.

    На броењето синоќа, ова лице било присутно, но на пребројувањето утринава во 8 часот, го немало. За час и половина бегалецот од ќелија бил најден.

    МВР го коригираше соопштението, кое првично беше дека од најголемиот затвор од утринава избегал затвореник.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира