УЧЕНИЦИТЕ КОИ СЕ СЕЛАТ ЌЕ ДОБИЈАТ СЕГА СВИДЕТЕЛСТВА, ОСТАНАТИТЕ ВО АВГУСТ

    УЧЕНИЦИТЕ КОИ СЕ СЕЛАТ ЌЕ ДОБИЈАТ СЕГА СВИДЕТЕЛСТВА, ОСТАНАТИТЕ ВО АВГУСТСведителствата за завршена учебна година ги добија само полуматурантите и матурантите заради уписите во средно училиште и на факултетите. (Фото: К. Попов)

    Учениците од основните и средните училишта ќе ги добијат свидетелствата во август оти тогаш ќе биде порелаксирана ситуацијата со ковид пандемијата, велат од Бирото за развој на образованието (БРО) за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Свидетелствата за завршена учебна година ги добија само полуматурантите и матурантите заради уписите во средно училиште и на факултетите. Од Бирото додаваат дела сведителствата ќе бидат обезбедени и за учениците кои имаат итна потреба од свидетелство поради преселба или продолжување на школувањето во странство.

    Училиштата минатата недела добија допис од Бирото, во кое меѓудругото се вели дека „имајќи предвид дека училиштата во вакви услови не може да организираат свечености и соодветно одбележување на доделувањето на сведителствата, ве информираме дека оваа учебна година, сведителствата на учениците согласно член 138 став 5 од Законот за основно образование ќе бидат доделени до крајот на учебната година“.

    Од Бирото велат дека не станува збор за проблеми со тендерот за печатење на свидетелства, за што реагираше претседателот на СОНК, Јаким Неделков, додавајќи оти вработените во издавачката дејност тековно ги вршат работите.

    На нашето прашање зошто се поместува терминот кога веќе  закажаното доделување на свидетелствата за на 26 јуни во едно скопско училиште беше според протокол, односно по 4 ученици на 10 минути временско растојание едни од друго, од Бирото ни рекоа дека и доделувањето во август ќе биде според протокол, но дека ситуацијата ќе биде порелаксирана од сега.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира