УГОСТИТЕЛ ОД ГОСТИВАРСКО ПРИСИЛУВАЛ 22-ГОДИШНА ДЕВОЈКА НА ПРОСТИТУЦИЈА И Ѝ ЈА ИСПРАЗНИЛ КАРТИЧКАТА НА КОЈА ИМАЛА 18 ИЛЈАДИ ЕВРА

    УГОСТИТЕЛ ОД ГОСТИВАРСКО ПРИСИЛУВАЛ 22-ГОДИШНА ДЕВОЈКА НА ПРОСТИТУЦИЈА И Ѝ ЈА ИСПРАЗНИЛ КАРТИЧКАТА НА КОЈА ИМАЛА 18 ИЛЈАДИ ЕВРАЖртвите работелe угостителски објект на обвинетиот, едната на шанк и како келнерка, додека другата како танчерка. (архивска фотографија)

    Сопственик на угостителски објект во гостиварско е обвинет дека сексуално и трудово експлоатирал Македонка и Русинка, употребувајќи сила и закана за употреба на сила и применувајќи психолошко насилство од јули до август минатата година, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тој е обвинет за кривичното дело Трговија со луѓе, за кое што следува казна затвор во траење од најмалку четири години. Жртвите работеле во неговиот угостителски објект, едната на шанк и како келнерка, додека другата како танчерка.

    „Искористувајќи ја состојбата на ранливост на дваесет и двегодишната Македонка ѝ понудил заштита и времено засолнување од лице што наводно нудело пари за нејзино пронаоѓање, ја сместил во просториите на неговиот угостителски објект и ѝ понудил работа. По одредено време, обвинетиот побарал за неговата услуга за заштита, девојката да прави сѐ што ќе ѝ каже бидејќи сметал дека таа е ‘негова сопственост и со неа ќе прави што сака’. И покрај противењето на девојката, обвинетиот не само што лично сексуално ја злоупотребувал, туку ја присилувал и да дава сексуални услуги и на други лица од кои наплаќал од 50-100 евра. За да може подолго да работи, ја принудувал да користи кокаин. Девојката добивала по 1.500 денари на две недели за извршувањето на работите во угостителскиот објект кои обвинетиот веднаш ѝ ги земал. Воедно, тој насилно ѝ ја одзел и платежната картичка од која без нејзина согласност ја подигнал целата сума во износ од 18.000 евра, а исто така успеал противправно да ја пренесе сопственоста од ПМВ сопственост на девојката на неговиот син, кој по десетина дена истото го продал на трето лице“, се вели во соопштението.

    Руската државјанка, пак, по претходна комуникација со познанички, пристигнала во Македонија кон крајот на август 2021 година. Како што соопштија од обвинителство, таа иако според првичниот договор таа требала да биде танчарка, обвинетиот покрај танцувањето барал и дополнителни услуги од неа, односно да дава сексуални услуги на обвинетиот, неговите пријатели и гости во објектот за што наплаќал од 3.000-8.000 денари, а девојката не добивала ништо за возврат. Неможејќи да го издржи физичкото, психолошкото и сексуалното малтретирање девојката искористила погоден момент и го напуштила угостителскиот објект.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира