УКИМ ГИ ДОСТИГНА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 70-ГОДИШНИНАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

    УКИМ ГИ ДОСТИГНА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 70-ГОДИШНИНАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТИсторијата на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ е историја на нашата земја, кажа Заев (Фото: Влада)

    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во седумдецениското постоење создаваше институции кои помогнаа во создавањето на државноста, ја препозна својата мисија и во обврската да постигне европски норми и стандарди во сите области на своето дејствување, рече премиерот Зоран Заев на свечената академија по повод 70-годишнината од Универзитетот, која вчеравечер се одржа во Филхармонијата.

    Со тоа почна и одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј и Денот на просветните работници.

    „Денес тој е заедница на 23 факултети, пет научни институти и четири јавни научни установи. Во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени повеќе од 60.000 студенти од Република Северна Македонија во прв и втор циклус на студии, како и повеќе од 700 странски студенти. Третиот циклус, докторски студии, се реализира во рамките на Школата за докторски студии со повеќе од 1.000 студенти. Во реализацијата на наставно-образовниот и научен процес на факултетите и институтите учествуваат над 3.100 кадри. Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени околу 150.000 високостручни кадри, над 10.000 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области“, рече Заев.

    Тој кажа дека на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ постојат студиски програми во сите научни области и дека неговата историја е историја на нашата земја.

    „Универзитетот има околу 300 договори за програмата Еразмус плус, а од лани е дел и од програмата Еразмус+ К107, во која, покрај земјите членки на ЕУ, се вклучени и Албанија, Бразил, Јапонија, Косово, Србија, САД, Кина и други земји“, додаде Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира