УКИНАТ ПРИТВОРОТ ЗА САВЕСКИ И КУНОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УКИНАТ ПРИТВОРОТ ЗА САВЕСКИ И КУНОВСКИ

    По барање на бранителите, Судот го укина притворот за демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски. Судот најавил дека ќе преземе други мерки со кои ќе го обезбеди нивното присутство на судењата и им ги одезамал пасошите.

    Здравко Савески и Владимир Куновски 45 дена беа во куќен притвор. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.

    Шарената револуција утрово излезе на протест пред Основниот суд Скопје 1 за поддршка на Савески и Куновски. Демонстрантите побараа нивно ослободување.

    „Сакаме да им порачаме на сите режимски измеќари во правосудството дека полека но сигурно одбројуваме. Нашето трпение е при крај, затоа што против секоја судска пракса, дали домашна или меѓународна, противзаконски се држат нашите другари“, рече Димитар Апасиев од Левица.

    Тој и неговите сопартијци потсетија дека во нивниот тефтер се запишани имињата на Снежана Бундалевска Георгиевска – јавната обвинителка која бара ефективен притвор за демонстрантите, Весна Петровска Тагасовска – кривичната судијка која им одреди куќен притвор и Владимир Панчевски – претседателот на Кривичниот суд Скопје, кој, според демонстрантите, ги деградира судиите кои нема да одредат притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари