УКИНАТИ ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ НА УКИМ, ВРАТЕНИ РОДОВИТЕ СТУДИИ

    УКИНАТИ ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ НА УКИМ, ВРАТЕНИ РОДОВИТЕ СТУДИИПо пет години мирување, се активираат Родовите студии на Филозофскиот факултет. - Холот на Филозофскиот факултет (архивска фотографија)

    Министерството за образование ги укина дисперзираните студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а на другите универзитети ги редуцираше, соопшти министерството. Укинувањето е на барање на скопскиот универзитет, а ист бил ставот и на Владата.

    „Оваа година факултетите при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“нема да имаат дисперзирани студии. Такво беше барањето на Универзитетот кое се поклопи со ставот на Владата и нашите согледувања за квалитетот и потребата од одредени дисперзирани студии. Одредени дисперзирани студии на другите универзитети се редуцирани, тргнувајќи од погоре наведените аналитички податоци со кои располагаше Министерството за образование“, се вели во соопштението на МОН.

    По пет години мирување, годинава се активираат Родовите студии на Филозофскиот фаултет, како и студиите за Безбедност и евроинтеграции на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
    „Како резултат на различниот пристап на новата Влада во однос на родовите прашања и прашањето за евроинтеграциите, споредено со претходната Влада, донесена е одлука да се активираат Родовите студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, кои 5 години беа ставени во мирување, како и студиите за Безбедност и евроинтеграциите на Факултетот за безбедност при УКЛО, кои исто така беа во мирување“, додаваат од МОН.

    Вкупно 26.105 места се обезбедени за упис на студенти на државните универзитети и тоа 13.953 места за редовни студенти во државна квота, 8.367 места за редовни студенти со кофинансирање и 3.785 места за вонредни студенти, соопшти МОН откако Владата вчера донесе одлука за Конкурсот за упис на студенти на државните универзитети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира