УКИНУВАЊЕТО НА ЧЛЕНОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ НЕ Е НА ДНЕВЕН РЕД НА СЕДНИЦАТА НА УСТАВЕН СУД

    УКИНУВАЊЕТО НА ЧЛЕНОТ  ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ НЕ Е НА ДНЕВЕН РЕД НА СЕДНИЦАТА НА УСТАВЕН СУДУкинување или измена на членот 175 од Законот за електронски комуникации е и една од препораките во извештаите на Рајнхард Прибе.-Уставен суд (фото:СДК.МК)

    Уставниот суд на седницата, закажана за следната среда, нема да одлучува за уставноста и законитоста на член 175 од Законот за електронски комуникации, кој ѝовозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори.
    На дневен ред на седницата закажана за в среда, не е ставена оваа иницијатива, за која Владата испрати мислење до судот со предлог членот да не се укинува и да ја запире постапката за оценување на уставноста и законитоста.

    „Укинувањето на членот 175 во овој момент ќе доведе до вакуум-ситуација, во која целосно ќе биде скратена можноста да има какво било законско следење на комуникациите, што би било во рамките на заштита на уставниот поредок на Македонија и борбата против организираниот криминал и корупција“, неодамна изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
    Спасовски рече дека подготвуваат ново законско решение за следење на комуникациите, кое ќе биде готово крајот на годината.
    Укинување или измена на членот 175 од Законот за електронски комуникации е и една од препораките во извештаите на Рајнхард Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира